Експлозија на кинески универзитет, настрадани неколку лица (ВИДЕО)

од Milan1
269 прегледи

Две лица загинаа, а најмалку уште девет се повредени во експлозија на еден универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг, пренесе АП. Надлежните истражуваат што е причина за експлозијата во Школата за наука за материјалите и технологијата на Универзитетот, јави кинеската државна телевизија.

Идентитетите на жртвите не се соопштени. На страницата на универзитетот се наведува дека повеќе од 1.000 странски ученици посетувале курсеви во школата за инженерство, деловно работење и кинески јазик, но не е јасно колку од нив останале откако Кина почна да воведува ограничувања на патувањата поради пандемијата.

Слични содржини