Експлозија во Белград, облак од чад над градот (ВИДЕО)

од Milan1
329 прегледи

Силна експлозија одекна денеска во Бубањ Поток нешто по 14 часот, а во овој момент се уште не се знае која е причината.

Според порталот Нова.рс, по експлозијата над тој дел на Белград се издигнал густ чад.
Не е познато како дошло до експлозијата и дали има повредени.

На социјалните мрежи се појавија и бројни фотографии од густ бел чад, а авторите наведуваат дека експлозијата дошла од правец на воената индустриска компанија Едепро.

Исто така, луѓето на социјалните мрежи јавуваат дека од експлозијата им се треселе куќите.

Слични содржини