Експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена

од Milan1
17 прегледи

Во градот Келн на западот на Германија денеска по втор пат за само неколку дена одекна мала експлозија. Експлозијата се случила околу 5 часот по локално време на улицата Еренштрасе во центарот на градот, соопшти полицијата.

Експлозијата предизвикала пожар, но тој брзо бил изгаснат, соопшти полицијата. Од таму додадоа дека едно лице кое се обидело да го изгасне пламенот избегнало повреда и подоцна било сослушано како сведок, а никој друг не е повреден.

Слични содржини