Зграда во која се наоѓа менза во градот Чонгкинг во југозападна Кина се урна по експлозија за која постои сомневање дека е предизвикана од истекување на гас.
Во несреќата загинаа најмалку 16 лица, а 26 се извадени од местото на настанот, јави државната телевизија CHTV.
Министерството за вонредни ситуации испрати тим од повеќе од 600 луѓе на локацијата во Чонгкинг во округот Волонг.