Ел Салвадор нуди 5.000 „бесплатни пасоши“ на висококвалификувани работници, научници, инженери, лекари, уметници и филозофи од странство, напиша претседателот на земјата, Наиб Букеле на својот X профил.
Тој, како што истакна, државата ќе ја чини околу 5 милијарди долари и со тоа нови 0,1 отсто од населението би добиле пасоши, а статусот на граѓанин и избирачкото право не претставуваат никаков проблем. Тој изјави и дека верува оти доаѓањето на овие луѓе ќе има огромно влијание врз иднината на општеството и нивната земја.
Како што истакна, Ел Салвадор гарантира 0 отсто даноци и тарифи за преместување на семејството и имотот, вклучително и комерцијално вредни предмети како опрема, софтвер или интелектуална сопственост.
Во последните неколку години, откако Наиб Букеле е на власт во Ел Салвадор, оваа мала јужноамериканска земја не престанува да се појавува во сите светски медиуми. Прво во 2021 година, Букеле го усвои Биткоин како законско средство за плаќање заедно со американскиот долар, а во 2023 година усвоија програма за државјанство за секој што донира Биткоин на една од нивните програми за социјален или економски развој.
Букеле, исто така, ја шокираше светската јавност со бруталниот и широко критикуван проект „борба против криминалот“. Од една страна, претседателот на Ел Салвадор вели дека проектот драстично ја зголемил безбедноста во земјата, додека критичарите велат дека довел до масовно кршење на човековите права, преку масовни апсења и, како што пишуваат некои медиуми, брутална тортура во затворите.