132
Ако досега сте мислеле дека 2К резолуцијата за екран на паметен телефон е неверојатно, тогаш ќе бидете шокирани од одлуката на ЕлЏи. МајЕлЏиФоунс откри дека јужнокорејската компанија подготвува телефон со уникатен дисплеј со импресивна 3К резолуција. Податоците на изданието се базираат на официјален документ од ЕлЏи, а според авторите, спомнатиот уред најверојатно ќе биде ЕлЏи Џи4.
Наводно екранот на предметниот смартфон, чие кодно име е ЕлЏи-ВС999, ќе има резолуција од 2880х1620 пиксели. За споредба, ЕлЏи Џи3 има 5,5-инчен екран со 2560×1440 резолуција. Не е јасно колку точно голем како димензии ќе биде екранот на уредот. Поводи да се смета дека тоа всушност е Џи4 пак беа испровоцирани во однос на тајното име на претходната верзија на Веризон која го носи кодното име ЕлЏи-ВС985.
Претпоставувајќи дека Џи4 исто така ќе нуди 5,5-инчен дисплеј, тогаш при 3K резолуција уредот ќе има околу 600 пиксели на секоја педа, а тоа ќе значи и нов рекорд во светот на смартфоните. Можеби сепак и нешто повеќе – грандиозни амбиции од страна на ЕлЏи.
