Елисејската палата: Макрон нема да оди во Вашингтон

од Milan1
26 прегледи

Елисејската палата денеска соопшти дека не е планирано ново патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Вашингтон заедно со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова ја демантираше изјавата на портпаролката на француската влада Софи Примус, која претходно денеска најави дека се разгледува посетата на Макрон на Вашингтон заедно со Стармер и Зеленски, објави Фигаро.

Примус не го прецизираше датумот на патувањето, но рече дека тоа треба да биде „наскоро“.

Предвидено е Макрон да има јавно обраќање вечерва пред самитот во четврток во Брисел, кој ќе биде посветен на европската одбрана.

Слични содржини