Петмина припадници на специјалните единиции на британска војска (САС) се под истрага пораи можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, пренесува Би-би-си.
Петмината засега не се уапсени, но Одделот за тешки злосторства при Министерството за одбрана спроведува истрага против нив.
Истрагата е наводно фокусирана на инцидент кој се случил пред две години кога бил убиен еден осомничен џихадист за кој британските војници, според тврдењата на претпоставените, процениле дека има намера да изведе самоубиствен напад, па го ликвидирале.
Меѓутоа, министерството тврди дека тоа не е изолиран случај и дека постојат и други, страшни сведоштва за воени злосторства.
Бројни припадници на британските специјални сили беа распоредени во Сирија во изминатата деценија во операциите против Исламска држава и од министерството велат дека сериозно ги сфаќаат сите тврдења за можни злосторства.
„Сите обвиненија за кривични дела ќе бидат проследени до полицијата за понатамошна истрага,“ посочи портаролот на министерството.
Единиците на САС до неодамна беа распоредени и во Авганистан, па извесно време трае и истрагата дали тие убивале цивили и невооружени луѓе во текот на ноќните рации во Авганистан меѓу 2010 и 2013 година.