Во екот на бранот насилство на екстремната десница што ја погоди Обединетото Кралство, премиерот Кир Стармер се вклучи во дебата со милијардерот Илон Маск, кој на платформата X, под видеото од насилните немири во Ливерпул, напиша коментар дека „ граѓанската војна е неизбежна“ и ги критикуваше Британците.
Страмер истакна дека не го дели мислењето на Mаск, кој претходно беше критикуван за укинувањето на забраната на екстремно десничарските активисти да се вратат во Х, откако стана сопственик на платформата за социјалните медиуми.
Веќе неколку дена има немири во повеќе британски градови каде имаше напади врз муслимански заедници и џамии, а владата предупредува дека секој кој поттикнува насилство, вклучително и на Интернет, ќе се соочи со правни последици, пишуваат светските медиуми.
Стармер го критикуваше Маск откако милијардерот тврдеше дека бранот на насилство на екстремната десница што ја погоди ОК е „неизбежен“. Политико ја цитира изјавата на портпаролот на Стармер, кој рече дека „нема оправдување“ за коментарите на Маск, објавени на почетокот на август на платформата X.
Велика Британија е зафатена од насилни немири во неколку градови во последниве денови, а џамиите и хотелите во кои се сместени баратели на азил се меѓу целите на демонстрациите на екстремната десница. Немирите започнаа откако три девојчиња беа убиени во напад со нож на час по танц во Саутпорт на 29 јули.
🎥Маск објави видео од апсење: „Ова е Британија или Советскиот Сојуз“