„Енергоатом“: Русија повторно го гранатира Запорожје

од Берта Китинска
178 прегледи

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом денеска соопшти дека руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје, која од март е под руска контрола.

Во соопштението на каналот Телеграм на компанијата се наведува дека руските војници во последните 24 часа повторно ја гранатирале територијата на нуклеарната централа и дека се проценува штетата, пренесува Ројтерс.