„Епл“ го надградува iPad Air со помоќен M4 чип

Компанијата од Купертино, исто така, имплементираше нов мрежен чип во таблетот, кој дебитираше минатата година.

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Епл“ го претстави најновиот iPad Air, и без некои поголеми изненадувања, тоа е повеќе или помалку истиот модел на таблет што беше објавен пред една година, со додавање на помоќен M4 чип, наместо минатогодишниот M3.

Таблетот, исто така, ги доби Епловите мрежните чипови N1 и C1X, кои покриваат „Wi-Fi“, „Bluetooth“, „Thread“ и мрежна поврзаност. Ова значи дека iPad Air за прв пат го поддржува Wi-Fi 7 стандардот.

Новиот таблет Air сега има и 12GB RAM, наместо 8GB, како што имаше претходниот модел.

Останатите спецификации за новиот iPad Air изгледаат непроменети. Има ист дисплеј од моделите од 2023 и 2024 година: 11-инчни и 13-инчни LCD екрани, со 500 нити осветленост и брзина на освежување од 60Hz.

Опциите за складирање почнуваат од 128GB и одат до 1TB. Исто така, постои конфигурација со два стерео звучници, како и една камера на предната и една на задната страна.

iPad Air M4 користи iPadOS 26, а овој оперативен систем носи поробусен систем за мултитаскинг.

Apple ќе го издаде својот нов iPad Air M4 во претпродажба од 4 март, додека ќе биде достапен во продавниците од 11 март. Цената за моделот од 11 инчи е 599 долари, додека моделот со екран од 13 инчи чини 799 долари.