„Ер Србија“ во јули превезе рекордни 400.000 патници

од Vladimir Zorba

Преку аеродромите во Белград, Ниш и Краљево, „Ер Србија“ во текот на јули превезе повеќе од 400.000 патници во редовен и чартер сообраќај, што е рекордна бројка од октомври 2013 година, кога компанијата работи под сегашното име.

Бројот на превезени патници во јули годинава е за 47 отсто поголем во однос на истиот месец лани и за 9 отсто поголем во однос на рекордната 2019 година, соопшти „Ер Србија“.

Сообраќајот е особено силен на атрактивни летни дестинации како Барселона, Ларнака, Дубровник, Атина, а зголемување на бројот на патници се бележи во текот на целата година на релации до Лондон, Цирих, Истанбул, Берлин, Њујорк.

Зголеменото движење на дијаспората од европските градови во регионот е придружено со раст и на регионалните рути, велат од „Ер Србија“.

Слични содржини