Ердоган: Бајден се соочува со „тест на искреност“ во справувањето со војната во Газа

од Илинка Илиоска
393 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека американскиот претседател Џо Бајден го поминува „тестот на искреноста“ во своите постапки во врска со војната во Газа, пренесоа британските медиуми.

Говорејќи пред новинарите на враќање од самитот на Г7 во Италија, Ердоган рече дека се очекува Бајден да покаже дека планот за прекин на огнот во Газа не е „пресметана изборна тактика“, туку искрен напор да се запре војната.

Тој, исто така, посочи дека Германија го омекнала својот став за продажба на авиони Еурофајтер на Турција. Во ноември Турција соопшти дека е во преговори со Велика Британија и Шпанија за купување на Еурофајтер Тајфун, иако Германија се спротивстави на идејата.

-Авионите Еурофајтер се важни за нас, нагласи турскиот претседател.

Ердоган, исто така, рече дека инфлацијата ќе достигне поповолно ниво во последниот квартал од годината со чекори за каматните стапки што допрва треба да се преземат.

-Политиките насочени кон ребаланс на економијата вродуваат со плод, посочи шефот на турската држава.

Слични содржини