Ердоган ја одложи средбата со Бајден во Вашингтон

од Симе Стоиков
298 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја одложи средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон, која неформално беше планирана за 9 мај, изјави неименуван турски функционер за Ројтерс.

Тој додаде дека не се знае која е причината за одложување на посетата, а наскоро ќе биде закажан нов термин.

Американски функционер истакна дека средбата меѓу двајцата НАТО лидери на е е официјално најавена, а претставниците на Белата куќа, Стејт департментот и турскиот претседател не дале изјава за ова прашање. Оваа средба ќе биде прва посета на Ердоган на Вашингтон од 2019 година, кога се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Ердоган и Бајден се сретнаа неколку пати на меѓународни самити и разговараа по телефон.

Ројтерс јавува дека односите меѓу Анкара и Вашингтон веќе извесно време се затегнати поради разликите за неколку клучни прашања.

Иако односите се подобрија кога Турција ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за членство во НАТО претходно оваа година, тензиите остануваат околу Сирија, Русија и војната во Газа. Ердоган оваа недела го посети Ирак, а минатиот викенд се сретна со политичкиот лидер на палестинската милитантна група Хамас, Исмаил Ханије во Истанбул.

Слични содржини