Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган нареди истрага за можна манипулација со валутата, откако лирата нагло падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот оваа недела, јави агенцијата Анадолија.
Се прецизира дека Ердоган му наложил на Државниот надзорен одбор, агенција за ревизија која известува пред претседателството, да ги идентификува институциите кои купиле големи суми девизи и да утврди дали имало некаква манипулација.
Лирата падна на рекордно ниско ниво оваа недела, откако Ердоган вети дека ќе се држи до политиката на намалување на каматните стапки. Годинава турската валута загуби околу 45 отсто од својата вредност, а околу половина од тие загуби се случија во последните две недели.
Валутата падна на 13,45 за долар поради историскиот пад на хартиите од вредност од 15 отсто во вторникот, по што следеше говор во кој Ердоган го бранеше потегот на централната банка да ја намали каматната стапка на 15 поценти, и покрај инфлацијата од 20 отсто.