Ердоган: Западот мора да изврши притисок врз Израел да го прифати најновиот предлог за прекин на огнот во Газа

од Илинка Илиоска
24 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека западните земји мора да извршат притисок врз Израел да го прифати најновиот предлог за прекин на огнот во Газа.

„По телефонскиот повик на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден до (израелскиот премиер) Бенјамин Нетанјаху, се надевам дека конечното примирје ќе биде за неколку дена за да се запрат масакрите во Израел“, изјави Ердоган за новинарите по враќањето од Казахстан, каде што присуствуваше на Самитот на Шангајската организација за соработка.

Тој истакна дека верува оти е можен дефинитивен прекин во Појасот Газа.

Слични содржини