502
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ја објави својата намера да ја повлече земјата од безбедносната алијанса на неколку поранешни советски држави во која доминира Русија.
Тој истакна дека неговата влада допрва треба да одлучи кога ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), група која ги вклучува Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Белорусија. Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Ерменија и Русија, некогаш блиски сојузници.
Ерменија веќе го замрзна членството во алијансата, го откажа учеството на заедничките воени вежби и самити. Руските власти не го коментираа последното соопштение од Ерменија.