Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД нема да наметнуваат свој став во врска со Заедницата на српските општини, но исто така изјави дека не треба да има модел кој го загрозува суверенитетот на Косово.
„Нашиот став за формирањето на ЗСО е дека не треба да има модели кои го загрозуваат суверенитетот на Косово. Ставот на САД е да не наметнува ништо на двете страни, но ние можеме да помогнеме“, рече Ескобар на заедничката прес-конференција со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Ескобар рече дека САД не се дел од дијалогот или преговорите, но дека прелиминарните договори мора да се спроведат.
„Ние не одевме со писмени предлози, ниту сакаме да наметнеме нешто, но двете земји мора да имаат јасни визии. Ќе работиме во рамките на процесот на дијалог“, рече Ескобар.