Естонија протера руски дипломат

Цахна ги повика руските специјални служби „да престанат со координираните акции против Естонија, вклучително и хибридните операции“.

од Бети Божиноска
212 прегледи

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти денеска дека прогласило руски дипломат во Талин за непожелна личност поради мешање во внатрешните работи.

„Естонија денеска прогласи персонал на руската амбасада со дипломатски статус за персона нон грата“, напиша шефот на дипломатијата на Естонија, Маргус Цахна, на платформата „Х“.

Според неговите зборови, Руската амбасада „се мешала во внатрешните работи на Естонија, поточно во судски процес, со набавување на документи за кривичноро дело и придонесувајќи за нивно објавување на руските социјални мрежи“.

Цахна ги повика руските специјални служби „да престанат со координираните акции против Естонија, вклучително и хибридните операции“.

Официјалната протестна нота беше доставена до вршителот на должноста на руската амбасада во Талин бидејќи амбасадорот беше протеран од Естонија во јануари 2023 година. Тоа тогаш беше мерка на реципроцитет поради слична одлука донесена од Москва.

„По новото протерување, во руската амбасада во Талин ќе останат шест дипломати“ изјави за „Франс прес“портпарол на Министерството за надворешни работи на Естонија.

Слични содржини