402
Централната влада на Етиопија вчера прогласи вонредна состојба што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови имаше успешни територијални настапувања, јави ДПА.
Вонредната состојба, меѓудругото, овозможува воспоставување блокади на патиштата, откажувања на транспортните услуги, воведување полициски час и преземање на власта од страна на војската во одредени области, наведува Советот на министри.
Според овие мерки, секој осомничен за поврзаност со терористички групи, исто така, може да биде приведен без судски налог, пренесува ДПА.