ЕУ апелира до Израел да ја стопира изградбата на населби во Западниот брег

од Milan1
317 прегледи

Европска Унија денеска повторно упати апел кон израелската Влада да ја стопира изградбата на населби во окупираниот Западен Брег, истакнувајќи оти тоа ги поткопува напорите за постигнување на решение за палестинско-израелскиот конфликт.

– Го повторуваме нашиот повик до Владата на Израел да ги укине овие чекори, кои се целосно некомпатибилни со напорите да се намалат тензиите и да се обезбеди мир, да се запре изградбата на населбите и да се фокусира на понатамошна конструктивна реконструкција на односите меѓу страните, напредокот на мерки за градење доверба и подобрување на условите за живот на обичните луѓе, кои се итно потребни, изјави портпарол на Службата за надворешни работи на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.

Израел на 27 октомври одобри изградба на уште 2.860 станбени единици во 30 населби во Западен Брег.

Во вчерашната заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Белгија, Германија, Данска, Ирска, Италија, Норвешка, Полска, Холандија, Финска, Франција, Шведска и Шпанија, се наведува дека се против ширење на населбите на окупираните Палестински територии.

Против ширењето на еврејските населби е против и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

 

Слични содржини