ЕУ ги замрзнува имотите на Путин и Лавров

од Milan1
197 прегледи

Европската унија планира да воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Санкциите наводно ќе се состојат од замрзнување на целиот нивен имот, но не и забрана за патување, со цел „симболично да се остави отворена вратата за дипломатијата“, пишува „ФТ“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат за да разговараат за третиот пакет санкции, кој наводно ќе вклучува мерки против сите членови на Државната дума, рускиот Совет за безбедност и руски и белоруски претставници „поврзани“ со инвазијата на Украина.

Слични содржини