295
Земјите на ЕУ денеска го одобрија планот за користење на приходите од замрзнатите средства на Руската Федерација за помош на Украина, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.
„Во ЕУ одобривме план за користење на приходите од замрзнатите средства на Централната банка на Руската Федерација за помош на Украина“, објави тој на социјалната мрежа Х, пренесува Интерфакс.
Липевски рече дека од оваа шема годинава ќе се остварат околу три милијарди евра, од кои 90 отсто е планирано да се искористат за поддршка на украинската армија.