ЕУ го поздрави изборот на новата црногорска Влада, очекува продолжување на реформите

од Radmila Tasevska
223 прегледи

ЕУ го поздравува конституирањето на новиот Парламент на Црна Гора и изборот на нејзината нова влада, од која со нетрпение очекува брзо да го покаже својот капацитет и посветеност на спроведување реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата во најкраток можен рок, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

– Исто така, очекуваме Црна Гора да го задржи несоборениот рекорд за целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, се додава во соопштението.

ЕЕАС воедно „ги охрабрува“ сите политички чинители во Црна Гора да се фокусираат на градење консензус за приоритетните активности потребни за унапредување на патот на земјата кон ЕУ, особено во областа на владеење на правото за исполнување на привремените одредници од поглавјата 23 и 24, особено за клучните именувања во судството и за спроведување на долго одложуваните реформи.

– Европската Унија ја цени посветеноста на Црна Гора на нејзиниот стратешки пат кон членство во ЕУ, што е желба на огромно мнозинство црногорски граѓани, се додава во пораката на ЕЕАС.

Слични содржини