27
Советот на Европската унија денеска усвои одредба со која се укинува визниот режим за носителите на пасоши на Директоратот за координација на Србија, што издава патни исправи на Србите во Косово, а целта на одлуката на Советот на ЕУ е целиот Западен Балкан да биде предмет на истиот визен режим, пренесе Бета.
Србите во Косово со такви пасоши беа единствените изземени од безвизниот режим на патување во ЕУ, што вообичаено важи за сите земји од Западен Балкан.
Одлуката ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во службениот весник на ЕУ.