ЕУ и Брисел ја одбележуваат годишнината од руската инвазија на Украина

од Radmila Tasevska

Со низа настани денес во Брисел ќе биде одбележана годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, а во оваа прилика се очекуваат говори на претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во Естонија денес на денот на прогласувањето на естонската декларација за независност.

Фон дер Лајен ќе присуствува на воената парада во Талин заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и естонската премиерка Каја Калас, а потоа ќе одржи заедничка прес-конференција.

Слични содржини