260
Европската унија следната година ќе произведе повеќе од 3,5 милијарди дози вакцини против ковид-19, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа најави дека повеќето од тие вакцини ќе бидат испорачани во странство, пренесува Ројтерс.
Зборувајќи за климатските прашања, Лајен рече дека Европската унија и другите богати земји се договориле да започнат партнерство со Јужноафриканската Република, со цел да се забрза постепеното „оддалечување“ на таа земја од јагленот.
Планирано е иницијативата да биде покрената на самитот за климата „COP26,“ кој ќе трае од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов.