ЕУ планира отворање поморски хуманитарен коридор за поддршка на луѓето во Газа  

Нашите напори се фокусирани на тоа да да се осигураме дека можеме да обезбедиме помош за Палестинците", рече портпаролот на Фон дер Лејен

од Бети Божиноска
219 прегледи

Претседателката  на Европската комисија, Усрула фон дер Лејен, подоцна неделава треба да отпатува за Кипар во време кога европскиот блок работи на воспоставување можен хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа преку медитеранскиот остров, изјави нејзиниот портпарол, пренесува „Гардијан“. 

„Нашите напори се фокусирани на тоа да да се осигураме дека можеме да обезбедиме помош за Палестинците”, рече портпаролот на Фон дер Лејен. 

Се очекува Фон дер Лејен да пристигне на Кипар во четврток или петок по завршувањето на состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Букурешт, Романија.   

Според кипарската новинска агенција (ЦНА), владин извор во вторникот попладнево потврди дека посетата е поврзана со интересот на САД за хуманитарниот коридор.  Според истите информации, и кипарскиот претседател Никос Христодулидес ќе зборува в четврток на седницата на ЕПП. 

Портпаролот на владата во Никозија подоцна излезе со изјава дека Фон дер Лејен ќе пристигне на островот в петок. 

„Во петок таа ќе ја посети, заедно со (кипарскиот) претседател, инфраструктурата поврзана со некои фази од планот.” 

Кипарскиот поморски хуманитарен коридор наречен “„малтија” неодамна беше дискутиран за време на посетата на американските официјални претставници на Кипар. Американскиот претставник за национална безбедност, Џон Кирби, изјави во неделата дека има дискусија трансферот на хуманитарните резерви во Газа по морски пат да биде префрлена низ Кипар, иако додаде дека идејата е во рана фаза.  

 Коридорот предизвика мешани реакции, при што Палестина изјави дека се спротивставува на иницијативата поради стравувањата дека Израел може да ја злоупотреби за да ги расели Палестинците. 

Кипар, кој се наоѓа на околу 370 км северозападно од Газа, е најблиската земја-членка на Европската Унија до проблематичниот регионот и со месеци води кампања за создавање на одржлив, еднонасочен поморски за достава на помош директно до енклавата. 

 

Слични содржини