Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, денес изјави дека е шокиран од начинот на кој кинеските трговци на мало ги заобиколуваат законите на ЕУ.
Мекграт го изјави ова по повод Извештајот на член на Европскиот парламент, во кој се наведени примери за стоки продадени преку кинеските платформи „Тему“ и „Шеин“, за кои се вели дека содржат опасни или небезбедни супстанции.
„Шокиран сум од тоа и мислам дека имаме должност да ги заштитиме европските потрошувачи“, изјави Мекграт за Гардијан.
Тој изјави дека ги чека резултатите од операцијата „мистериозен купувач“, односно поширока истрага со тајно, анонимно купување, со цел дополнително да се тестираат веќе собраните докази дека кинеските трговци на мало ги заобиколуваат законите на ЕУ.
Иако групата на потрошувачи се загрижени за безбедноста, Мекграт рече дека е загрижен и дека платформите за купување, кои станаа популарни во последните две години, им штетат на локалните бизниси преку нелојална конкуренција.
„Растот е извонреден и врши огромен притисок врз системите на ниво на земјите-членки. Решен сум да го зајакнам спроведувањето на нашите закони за безбедност на производите и правилата за заштита на потрошувачите. Не станува збор само за заштита на потрошувачите, туку постои многу сериозен проблем со еднакви услови за сите европски компании, бидејќи се очекува тие да се натпреваруваат со продавачите кои не ги почитуваат нашите правила“, рече Мекграт.
Меѓу најлошите примери на кои наишол, тој ги наведе цуцлите за бебиња со монистра кои лесно паѓаат, што претставува опасност од задушување бидејќи немале отвор со потребната големина, така што бебето кое случајно ќе проголтало една би можело да продолжи да дише воздух.
Други производи наведени од европратениците во Извештај објавен овој месец вклучуваат детски мантили за дожд што содржат токсични хемикалии, очила за сонце без УВ филтри и детски шорцеви со врвки подолги од пропишаната должина, што претставува опасност од сопнување.
Податоците на ЕУ покажуваат дека дневно во блокот влегуваат 12 милиони предмети со ниска вредност, што изнесува 4,6 милијарди пратки под 150 евра за 2024 година, што е двојно повеќе отколку во 2023 година и три пати повеќе отколку во 2022 година, објавува Б92.