ЕУ повикува на деескалација на конфликтот меѓу Авганистан и Пакистан

Европската Унија (ЕУ) повика на итна деескалација и прекин на конфликтот во Авганистан и Пакистан, кој може да има сериозни последици за регионот, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС)

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Принтскрин/RNA

„ЕУ повторува дека авганистанската територија не смее да се користи за заканување или напад врз други земји и ги повикува авганистанските де факто власти да преземат ефикасни мерки против сите терористички групи што дејствуваат во или од Авганистан“, се вели во соопштението објавено синоќа на веб-страницата на агенцијата.

ЕЕАС ги повикува двете страни на дијалог.

„Меѓународното право, вклучително и хуманитарното право, мора целосно да се почитува од сите актери. Мора да се обезбеди заштита на цивилите и цивилната инфраструктура и мора да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се спречи понатамошна штета врз цивилите“, се заклучува во соопштението.

Конфликтот во Авганистан и Пакистан ескалираше од четврток, по серија на прекугранични напади.