ЕУ сака да и помогне на Украина со 1,2 милијарди евра

од Milan1
249 прегледи

Европската унија (ЕУ) сака да му помогне на Киев со обезбедување финансиска помош од 1,2 милијарди евра за ублажување на последиците од конфликтот со Русија, која собра околу 100.000 војници на границата со Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен.

„Комисијата предлага нов итен пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека пакетот помош ќе се состои од итни заеми и грантови. Според неа, пакетот ќе и помогне на Украина да се справи со „брзата ескалација на финансиските потреби поради конфликтот“.

Фон дер Лајен нагласи дека смета на Европскиот совет, кој ги претставува членките на ЕУ, и европратениците да одобрат итна поддршка што е можно поскоро.