ЕУ се заканува дека ќе го суспендира финансирањето на Венециското биенале поради учеството на Русија

Одлуката на Фондацијата Биенале, според Комисијата, не е во согласност со колективниот одговор на Европската унија на „бруталната агресија“ на Русија

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Принтскрин

Европската комисија (ЕК) се закани дека ќе го повлече финансирањето за Венециското биенале поради одлуката на организаторите да ѝ дозволат на Русија повторно да го отвори својот национален павилјон на 61-та Меѓународна уметничка изложба.

„Земјите-членки на Европската унија, како и институциите и организациите во рамките на Унијата, мора да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ и да избегнуваат да им даваат платформа на поединци кои активно ја поддржале или оправдале агресијата на Кремљ врз Украина“, се вели во соопштението на ЕК.

Одлуката на Фондацијата Биенале, според Комисијата, не е во согласност со колективниот одговор на Европската унија на „бруталната агресија“ на Русија.

Слични содржини