ЕУ воведува две нови правила за авионско патување: Едното ќе стапи на сила утре

од Илинка Илиоска
250 прегледи

Од 1 септември стапува на сила новото правило поврзано со воздушниот сообраќај, а се однесува на течности и електронски уреди што ги носат патниците.  Причината се новите скенери, за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите кои користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на „стариот модел“, поради што се очекуваат гужви бидејќи самата проверка ќе трае подолго.

Ако патувате низ аеродром кој има скенери C3, сепак треба да го спакувате рачниот багаж на ист начин како пред неколку години – да нема големи шишиња крема за сончање или да мора да го оставите големото шише парфем дома или да го спакувате во куферот што поминува низ чек-ин.

Максималната дозволена тежина на рачниот багаж ќе биде 10 килограми, а секој патник ќе може да земе еден рачен багаж и еден мал личен предмет.

Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смеат да надминуваат 55x40x20 сантиметри, додека личниот предмет, како што е чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40x30x15 сантиметри и да одговара за под седиштето пред патникот.

 

 

Слични содржини