63
Европскиот парламент започна истрага против група пратеници кои отпатуваа во Москва за да ја прослават 80-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна, објави на социјалната мрежа „X“ кипарскиот пратеник и видео блогер Фидиас Панајоту.
„Морам да ви кажам дека нашата посета на Москва со други европратеници воопшто не му се допадна на Европскиот парламент, но тие започнаа истрага против нас“, рече Пнагиоту.
Петмина членови на Европскиот парламент од Словачка, Германија, Чешка и Кипар дојдоа во Москва за да го изразат своето несогласување со политиката на Европската Унија и Европскиот парламент кон Русија.
Тие се сретнаа со претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, и други политичари.