EV апокалипса: Кои брендови веројатно нема да ја преживеат електричната револуција?

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Како што електрификацијата на возилата станува сè подоминантна тема во автомобилската индустрија, сè појасно е дека оваа транзиција не е лесна ниту за традиционалните производители ниту за стартап компаниите кои се занимаваат исклучиво со електрични возила. Иако некои производители инвестираа значителни ресурси во електрични возила, неодамнешниот пад на побарувачката изврши дополнителен притисок врз компаниите кои целосно се посветија на EV сегментот. Оние кои допрва треба да зачекорат во овој сектор се соочуваат со неизвесна иднина.

Пазарот на електрични возила моментално балансира помеѓу традиционалните производители, кои се оптоварени со наследни бизнис модели, и стартапи за електрични возила кои се соочуваат со големи финансиски предизвици.

Традиционалните компании се соочени со предизвик: како да се префрлат на електрични возила, а сепак да профитираат од моторите со внатрешно согорување? Овие производители често имаат успешни линии на автомобили со фосилни горива кои им носат профит, што им дава извор на средства за инвестирање во електрификација. Сепак, наследениот начин на водење бизнис им отежнува целосно да се посветат на промените неопходни за успешно производство на EV возила.

Од друга страна, стартапите за електрични возила се соочуваат со проблеми како што се недостаток на капитал и способност да одговорат на голема побарувачка за обем. Fisker, кој неодамна банкротираше, е само еден од бројните стартапи во финансиски проблеми, а други се изложени на ризик од слична судбина. Tesla, сепак, благодарение на предноста од повеќе од една деценија на пазарот, успешно заобиколи многу пречки што ги мачат другите производители и го постигна обемот на производство неопходен за опстанок.

Традиционалните брендови под закана

Меѓу производителите кои би можеле да доживеат сериозни проблеми при преминот кон електрични возила се:

Ford: Додека Mustang Mach-e доби добри критики, суспензијата на производството на F-150 Lightning до следната година и доцнењето на теренецот со три реда седишта претставуваат предизвици. Исто така, проектот за нискобуџетни електрични возила се уште е во развојна фаза.

Lincoln: Сè уште нема понудени електрични модели.

Chrysler: Во моментов нуди само еден хибриден модел, што не е доволно за опстанок.

Dodge: Електричниот модел Charger доаѓа со висока цена, додека љубителите на верзијата со мотор со внатрешно согорување се скептични. Нема најави за други електрични модели.

Ram: Моделот 1500 REV, иако е наменет да ги реши проблемите со досегот и влечењето, може да биде недостапен за просечниот купувач на пикап камиони поради цената помеѓу 58.000 и 85.000 долари.

Alfa Romeo и Fiat: Овие брендови не успеаја да се наметнат ниту со конвенционалните возила, па прашање е како ќе се снајдат во светот на ЕV.

Maserati: Со падот на продажбата и промената во менаџментот, Maserati се соочува со тешки предизвици кои веројатно нема да ги реши префрлањето на електрични возила, и покрај Folgore.

Toyota: Иако е лидер во хибридните технологии, Toyota сè уште нема издадено атрактивен EV модел.

Lexus: Овој луксузен бренд продолжува да заостанува во сегментот на ЕV.

Nissan: По успехот на моделот Leaf, компанијата не успеа да остане во чекор, додека моделот Ariya наиде на млаки реакции на пазарот.

Infiniti: Без електрични возила, со значителен пад на продажбата, иднината на брендот е неизвесна.

Mazda: Моделот MX-30 имаше посимболично присуство на пазарот. Mazda допрва треба да претстави EV за да им парира на нивните возила ICE.

Subaru: Првиот EV на Subaru, базиран на модел на Toyota, не ги исполни очекувањата на фановите.

Jaguar: Планот да стане исклучиво EV бренд со низок обем на производство носи значителен ризик.

Land Rover: Сè уште нема понуда за ЕV; прашање е дали матичната компанија Tata ќе обезбеди средства за транзицијата.

Mercedes-Benz: Евидентиран е пад на продажбата на ЕV модели за 30 отсто, поради конкуренцијата од Кина и високите трошоци за производство во Германија.

Volkswagen: Се уште не успеал да направи атрактивен ЕV по прифатлива цена, а планираното затворање на германските фабрики дополнително ја усложнува ситуацијата.

Audi: Во согласност со проблемите на Volkswagen, Audi најави затворање на фабрика за електрични возила во Белгија.

Porsche: Планира да се префрли на EV моделите Macan, Boxster и Cayman, но останува прашањето дали ентузијастите ќе го прифатат овој премин.

Vinfast: Влезот на овој бренд на американскиот пазар помина исклучително лошо.

Слично на тоа, некои EV стартапи се соочуваат со сериозни пречки што може да доведат до нивен колапс. Меѓу нив се:

Rivian: Очекува да достигне 57.000 R1 продажби оваа година, но ако брзо не лансира помали, подостапни модели, ќе се соочи со сериозни финансиски проблеми.

Lucid: Ако саудиските инвеститори ги повлечат своите инвестиции и обемот на производство остане низок, иднината на компанијата е неизвесна.

Polestar: Производството продолжува, но одвоено од Volvo, доведувајќи ја во прашање долгорочната одржливост.

Индустријата се соочува со предизвици кои бараат брза адаптација и иновации, а компаниите кои нема да ги усогласат своите стратегии со потребите на пазарот на електрични возила би можеле да се соочат со izvesen крај.

Слични содржини