408
Принцезата од Велс ја сподели веста за нејзиното здравје во петокот вечерта, признавајќи дека нејзината дијагноза по операцијата на стомакот во јануари била „голем шок“.
Сепак, „Сан“ наведува дека состојбата на Кејт Мидлтон не била однапред откриена на братот на нејзиниот сопруг и неговата сопруга. Причината, според британските таблоиди, е тоа што на Сасексите „не може да им се верува“, пишува „Entertainment Daily“.
„Тие немаа поим и дознаа за вестите во исто време како и остатокот од светот“, изјави извор за „New York Post“.
Хари и Меган и посакаа се најдобро во изјава по видео обраќањето на Кејт.
„Им посакуваме здравје и оздравување на Кејт и семејството и се надеваме дека тоа може да се постигне во приватнос и мир“, рекоа тие.