Тројца Палестинци беа убиени, а седум беа ранети за време на насилниот упад на еврејските доселеници во селото Кафр Малик на Западниот Брег, недалеку од Рамала, соопшти денес Министерството за здравство на Палестинската самоуправа.
Според сведочењето на активистите на групата за човекови права Јеш Дин, во нападот учествувале 100 еврејски доселеници, кои ја извршиле акцијата во присуство на израелски војници, објавува „Тајмс оф Израел“.
Снимките од групата Јеш Дин покажуваат неколку куќи и автомобили во оган за време на нападот на еврејските доселеници кои пукале со огнено оружје и фрлале камења врз локалните жители и нивниот имот.