Европа бара од Приштина веднаш да ја спроведе одлуката за Високи Дечани

„Ова прашање неодамна стана услов сине ква нон за Косово да напредува на патот кон членство во СЕ,“ се наведува во извештајот на ЕСИ.

од Бети Божиноска
301 прегледи

Приштинските институции би требало без одлагање да ја спроведат судката одлука и да запишат во сопственост на манастирот Високи Дечани околу 24 хектари земјиште во околината на манастуирот, се вели во извештајот на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ). 

Во Меморандумот за манастирот Високи Дечани се вели дека тим на ЕСИ отпатувал минатата недела на Косово со цел да испира како да се реши проблемот околу ова итно и предолго нерешени прашање кои стана централно во дебатата за членството на Косово во Советот на Европа. 

Во извештајот се оценува дека имотниот спор на манастирот Високи Дечани, најпознатиот спрски православен манастир на Балканот, е меѓу проблемите поради кои се попречуваат на патот на Косово до членство во Советот на Европа и дека решението на тој спор би било победа за владеењето на правото. 

„Косовската влада мора, со сите инструменти и овластувања што ѝ се на располагање, да обезбеди итно спроведување на пресудите од 2012 и 2016 година за Агенцијата за катастар да може да ја промени евиденцијата и со неколку клика на тастатурата да му ја отстапи на манастирот сопственоста мнад 20 парцели во согчасност со договорот со УНМИК,“ се вели во документот. 

Од ЕСИ истакнуваат дека „агенцијата, како и секоја јавна управа, законски е обврзана без одлагање да ги спроведува судските одлуки.“ 

„Ова прашање неодамна стана услов сине ква нон за Косово да напредува на патот кон членство во СЕ,“ се наведува во извештајот. 

Германскиот амбасадор во Приштина, Јерн Роде, истакна вчера дека ЕСИ со Меморандумот за манастирот Високи Дечани им се приклучи на апелите Косово да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за манастирот, но институциите во Приштина се уште одбинаат да го сторат тоа. 

Манастирот Високи Дечани се наоѓа на списокот загризени споменицо од светското културно наследство на УНЕСКО и на листата на најзагрозени локалитети од културното наследство во Европа составена од Паневропската федерација за зачувување на културното наследство на Европа Ностра. 

Манастирот во повеќе наврати беше изложен на директни напади од екстремните Албанци и е под постојана заштита на меѓународните сили на КФОР, со што е единствениот верски објект и споменик на УНЕСКО во Европа што е под воена заштита. 

 

 

Слични содржини