Европската комисија ги започнува активностите за обнова на Украина, а еврокомесарот за животна средина Вирџиниус Синкевичиус денес и утре ќе престојува во Киев за да разговара за ова, како и за иницијативата Феникс.
„Иницијативата „Феникс“ поттикнува работа на реконструкција на украинските градови. Како прв чекор, таа ќе ги поврзе украинските градови со градовите на ЕУ со цел да се разменат искуства за климатската неутралност, енергетската ефикасност и ниското влијание врз животната средина“, објави ЕК.
Синкевичиус рече дека војната во Украина предизвикала огромно човечко страдање и нанела непоправлива штета на природата и дека е клучно да се помогне во обновувањето на регионите на Украина, но земјата, водата и шумите кои се „темелот на просперитетот на земјата“.