Европската унија ќе ги заостри царинските проверки за производи од Тему и Шејн

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Европската унија ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што директно се доставуваат до потрошувачите во ЕУ преку платформите за е-трговија како што се Тему и Шејн, бидејќи се обидува да обезбеди фер конкуренција и безбедност на производите, се вели во нацрт-официјално соопштение во кое денеска имале увид некои светски агенции.

Директивата на Европската комисија, која се очекува да биде објавена в среда, ќе влијае на сите продавачи од е-трговијата надвор од ЕУ.

Оваа одредба особено се однесува на брзиот раст на платформата Тему, која е во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија PDD Holdings.

Слични содржини