Европскиот суд: ЕУ може да блокира средства наменети за Унгарија и Полска

од Milan1

Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека ЕУ може да ја суспендира исплатата на средствата за закрепнување по пандемијата на земјите-членки доколку ги прекршат принципите на владеењето на правото.

Истиот суд го отфрли и приговорот на Унгарија и Полска, кои во тужбата тврдеа дека на таквата постапка нема соодветна правна основа, пренесува агенцијата АП.

„Судот целосно ги отфрла тужбите на Унгарија и Полска“, се вели во соопштението на Европскиот суд на правдата, додавајќи дека кога станува збор за демократските принципи, „Европската унија мора да биде способна да ги брани овие вредности, во рамките на своите овластувања“.

Европската комисија најави дека ќе ја чека денешната судска одлука пред да одлучи дали ќе ја задржи блокадата на средствата, а претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ја поздрави ваквата одлука веднаш по објавувањето на пресудата.

„Комисијата ќе го брани буџетот на Унијата од кршење на владеењето на правото. Ќе постапиме решително“, вети Фон дер Лајен.

Реакцијата на Унгарија на одлуката на Европскиот суд беше брза, бидејќи унгарската министерка за правда, Јудит Варга, веднаш ја осуди одлуката на својата Фејсбук страница, нарекувајќи ја „политичка пресуда“ и доказ дека ЕУ ја злоупотребува својата моќ.

Пресудата е уште една примена на притисок врз нашата земја“, напиша Варга.

Слични содржини