Европските издавачи и компании бараат итна казна за „Гугл“ поради монополот во пребарувањето

Меѓу потписниците се влијателни организации како што се Европската технолошка алијанса, Европската асоцијација на списанија и медиуми и Европскиот совет на издавачи

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Европските издавачи, технолошки компании и стартапи ги повикаа регулаторите во Европската Унија да ја прекинат речиси двегодишната истрага против американската фирма „Гугл“, подружница на „Alphabet“, за наводно фаворизирање на сопствените услуги во пребарувањето, и да изречат казна за компанијата.

Во писмо до европските лидери, кое го виде Ројтерс, се вели дека истрагата мора да заврши уште следната недела.

Меѓу потписниците се влијателни организации како што се Европската технолошка алијанса, Европската асоцијација на списанија и медиуми и Европскиот совет на издавачи, во кој се вклучени, меѓу другите, „Axel Springer“, „News Corp“ и „Condé Nast“.