Европските обвинители ја презедоа истрагата за наводни криминални дејствија во врска со преговорите за набавка на вакцини против корона вирусот што ги водеа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурле, изјави портпаролот на обвинителство во белгискиот град Лиеж.
Инспекторите на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во последните месеци ја презедоа истрагата од белгиските обвинители, кои ја истражуваа Фон дер Лајен за „мешање во јавни функции, уништување на СМС пораки, корупција и конфликт на интереси“, се наведува во правните документи во чиј увид имал пристап Политико и потпаролот на обвинителството во Лиеж.
Иако обвинителите на ЕППП ги истражуваат наводните злосторства, сè уште никој не е обвинет во врска со случајот.
Истрагата првично беше отворена од белгиските власти во градот Лиеж на почетокот на 2023 година, по кривичната пријава поднесена од локалниот лобист Фредерик Балдан. Подоцна ѝ се приклучија унгарската и полската влада кој е во процес на повлекување на жалбата по изборната победа на проевропската влада предводена од Доналд Туск.
Жалбата на Балдан се фокусираше на наводна размена на текстуални пораки помеѓу Фон дер Лајен и шефот на Фајзер, Алберт Бурле, пред најголемиот договор за вакцини на ЕУ во екот на пандемијата „Ковид-19“, во афера наречена „Фајзергејт“.