Евровизија 2024: Израел ќе ги смени контроверзните стиховите од својата песна

Израелскиот радиодифузер КАН прво посочи дека ќе се повлече од овогодишниот натпревар ако ЕБУ се обиде да ја цензурира нивната песна

од Бети Божиноска
363 прегледи

Откако му беа одбиени две предлог-песни кои беа оценети како премногу политички, а со тоа и спротивни на правилата за политичка неутралност, Израел се согласи на компромис за да може да учествува на Евровизијата во мај, пренесува „Јуроњуз“.

Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) претходно навести дека можеби ќе го отфрли израелскиот кандидат, 20-годишната руско-израелска пејачка Идн Голан, поради „политичката“ природа на нејзината песна.

Спорната песна October Rain содржи алузии на жртвите на терористичкиот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври минатата година со стиховите како “ There’s no air left to breathe / There is no place for me” (Нема воздух за дишење/Нема место за мене)и “They were all good children, each one of them ” (Сите беа добри деца, сите до едно.)
Во песната се зборува и за “flowers” (цвеќе), што често се користи како воена шифра за воени жртви.

Израелскиот радиодифузер КАН прво посочи дека ќе се повлече од овогодишниот натпревар ако ЕБУ се обиде да ја цензурира нивната песна, но израелскиот претседател Ицак Херцог нагласи дека гласот на Израел мора да се чуе на евровизиската сцена и дека мора да се направат потребните измени на ‘October Rain’ за песната да биде одобрена на натпреварот.

„Претседателот нагласи дека особено сега, кога оние што не мразат сакаат да не турнат настрана и да го бојкотираат Израел на секоја сцена, гласот на Израел мора да се слушне со гордост, а Израел со високо крената глава мора да го крене своето знаме на секоја сцена, особено годинава,“ објаснуваат од КАН.

Ова не е прв случај во кој ЕБУ принудил национален претставник да ги смени стиховите на својата песна за натпреварот. Најсвеж пример е Грузија која во 2009 година се повлече од натпреварот откако нејзината песна‘We Don’t Wanna Put In’ беше одбиена поради очигледната алузија на рускиот претседател.

Учеството на Израел на Евровизија годинава предизвика многу контроверзии.

Во писмо објавено во јануари од ЕБУ и потпишано од повеќе од 1.000 шведски уметници, беше побарано Израел да се повлече од натпреварот. И други земји како Исланд, Финска, Норвешка и Данска побараа суспензија на Израел поради војната во Газа.

Други уметници, од друга страна, меѓу кои и Хелен Мирен, Џин Симонс, Шерон Оборн и Бој Џорџ, потпишаа отворено писмо апелирајќи до ЕБУ да му дозволи на Израел да се натпреварува годинава.

ЕБУ претходно се опишуваше себеси како „аполитична организација на членки“ кои се „посветени на почитувањето на вредностите на јавната служба“, но многумина ја окарактеризираа како хипокрит откако во 2022 година ѝ го забран учеството на Русија поради инвазијата на Украина, а една година претходно го забраи учеството и на Белорусија.

Слични содржини