EXIT изгласан во топ 5 фестивали во светот!

од Radmila Tasevska

EXIT е изгласан за 5-ти светски фестивал, објави еден од водечките светски музички медиуми, диџеј Маг! Над 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за нивните омилени фестивали, а EXIT победи огромни настани како Гластонбери, Коачела, Burning Man, Lollapalooza, Sziget, Awakenings и многу други!

„Ова признание уште еднаш ја потврдува глобалната репутација на EXIT, кој повеќе од две децении важи за еден од најпрестижните фестивали во светот. Посебно е значаен податокот дека листата е формирана исклучиво од гласовите на публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на фестивалот EXIT, Душан Ковачевиќ.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот Tomorrowland, потоа американскиот Ultra Music и EDC Las Vegas, потоа британскиот Creamfields North. Големото значење на ова признание е што доаѓа од читателите на почитуваниот диџеј Маг, чии листи на Топ 100 фестивали, Топ 100 диџеи и Топ 100 клубови го претставуваат индустрискиот стандард, особено во електронската музика.

Затоа и не е чудно што фестивалите кои дојдоа пред нашиот најголем фестивал се посветени исклучиво на електронската музика, додека EXIT негува мултижанровски пристап повеќе од две децении. Една од главните карактеристики по кои EXIT е познат во светот е познатата Денс Арена, која важи за водечка електронска музичка сцена во светот. Голем придонес има и No Sleep Novi Sad сцената, која доби свој повеќекратно наградуван фестивал, како и голем број помали сцени кои веќе две децении ја промовираат електронската музика. EXIT беше домаќин на највозбудливите имиња во електронската музика во изминатите 20 години, од кои многумина редовно се појавуваат на листата на топ диџеи на диџеј Маг.

На фестивалската листа на диџеј Маг, покрај EXIT, се и неколку фестивали од регионот, како Untold, Hideout, Sonus, Ultra Europe, додека локалниот Lovefest е на 35. место. Резултатите од гласањето за оваа година беа објавени по тригодишна пауза, а EXIT беше на списокот на диџеј Маг и во 2019 година.

Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија и гореспоменатите листи се негов заштитен знак.

Слични содржини