Фаучи апелираше до Американците да примат трета доза вакцина

од Milan1
301 прегледи

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на американскиот претседател Џозеф Бајден, Ентони Фаучи повика милиони Американци кои веќе биле целосно вакцинирани против коронавирус да примат трета доза од вакцината за да одржат оптимална заштита од вирусот.

Според податоци од владините Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони досега добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе се невакцинирани.

Фаучи истакна дека третата доза од вакцината им дава на луѓето „подолг период на заштита“, иако не е јасно дали оние кои биле вакцинирани можеби ќе треба да продолжат да примаат дополнителни дози на секои шест месеци или една година.

– Ќе анализираме што значи тоа кога ќе се добие дополнителна доза, ќе ја следиме науката, рече Фаучи.

Слични содржини