Доналд Трамп во најновото интервју за магазинот „Тајм“ рече дека ќе размисли за промена на програмите за вакцинација за децата. На прашањето дали би одобрил прекин на програмите за вакцинација за деца, Трамп рече дека ќе има голема дискусија со Роберт Ф. Кенеди, кого го номинираше на чело на министерството за здравство.
– Стапката на аутизам е на ниво на кое никој никогаш не верувал дека е можно да биде. Ако ги погледнете работите што се случуваат, има нешто што го предизвикува, рече Трамп.
Запрашан дали тие разговори би можело да завршат со тоа неговата администрација да укине некои вакцинирања, Трамп одговори:
– Би можело, доколку мислам дека тоа е опасно, ако мислам дека не се полезни. Но мислам дека тоа во крајна линија нема да биде многу контроверзно.
Трамп не потврди експлицитно во интервјуто дека вакцините предизвикуваат аутизам, но изјави дека неговата администрација ќе изврши многу сериозно тестирање, по што сигурно ќе се знае што е добро, а што не.