Русија нема шанси против НАТО; тврди норвешкиот министер за одбрана Сандвик

НАТО има импресивна сила. Ние би имале целосна контрола врз воздушниот простор, изјави тој, посочувајќи на напредните авиони од петта генерација и мултидоменските операции кои интегрираат воздушни, поморски и сајбер капацитети, изјави Сандвик

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Русија нема да има никаква шанса против НАТО, изјави норвешкиот министер за одбрана Торе О. Сандвик во интервју за TVP World.

Торе О. Сандвик тврди дека воената супериорност на Алијансата, особено во воздухопловните сили, ќе го обликува секој конфликт со Москва.

Според него, за разлика од Украина, каде што ниту една страна нема целосна контрола врз небото, НАТО брзо ќе воспостави воздушна супериорност во секој конфликт.

-НАТО има импресивна сила. Ние би имале целосна контрола врз воздушниот простор, изјави тој, посочувајќи на напредните авиони од петта генерација и мултидоменските операции кои интегрираат воздушни, поморски и сајбер капацитети, изјави Сандвик.

Неговите изјави доаѓаат во време на растечка загриженост во балтичките и нордиските земји поради ризикот од инциденти во Балтичкото Море. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведската разузнавачка служба предупредуваат на можна ескалација и хибриден притисок.

Сандвик додаде дека Русија е сè уште силно ограничена од војната што ја води во Украина.

-Путин не може да победи во Украина. Тој нема да има шанси против НАТО, готово е, изјави тој.
САндвик исткна дека руските копнени сили претрпеле големи загуби и дека нивната конвенционална воена позиција е ослабена во близина на Арктикот и по должината на норвешката граница, иако Москва истовремено ги зголемува своите подводни и воздушни активности.

Иако е уверен во моменталната позиција на НАТО, Сандвик предупреди дека Европа мора да ги забрза трошоците за одбрана и индустриско производство за да ја одржи долгорочната безбедност.

-Треба да го зајакнеме нашиот индустриски капацитет и да ја поддржиме Украина за да го запре Путин таму, изјави тој.

Според норвешкиот министер за одбрана тоа најважното нешто што треба да се направи.

Норвешка ја проширува соработката со сојузниците, вклучително и заедничка набавка на нови подморници со Германија и поблиска интеграција со нордиските одбранбени системи, особено во антиподморничкото војување и надзорот на Северниот Атлантик.

Слични содржини