Кос: Нема „лајт“ или половично, туку само полноправно членство во ЕУ

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека е критична кон идејата на Србија и Албанија да им се овозможи да станат членки на единствениот европски пазар и Шенген зоната. Taa рече дека не постои нешто како „лесно“ или делумно, туку само полноправно членство во Европската Унија (ЕУ) кога сите обврски се исполнети.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Еди Рама

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека е критична кон идејата на Србија и Албанија да им се овозможи да станат членки на единствениот европски пазар и Шенген зоната. Taa рече дека не постои нешто како „лесно“ или делумно, туку само полноправно членство во Европската Унија (ЕУ) кога сите обврски се исполнети.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама презентираа иницијтива во заеднички текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ да им се овозможи на двете земји членство на единствениот европски пазар и Шенген зоната. КОс за оваа иницијатива рече дека двајцата политичари веројатно знаат дека за членство во заедничкиот пазар и Шенген, треба да се исполни многу во областа на владеењето на правото.

-Значи, нема попуст, изјави Кос, одговарајќи на прашања по предавањето што завчера го одржа на Универзитетот во Фрибург во Швајцарија.

Таа додаде дека во ЕУ се води дебата за тоа дали постојната методологија на проширување е соодветна за сегашното време и дали се можни некои специфични аранжмани и постепена интеграција, но дека нејзината улога како комесар за проширување е да ги подготви земјите да станат полноправни членки.

-Значи, нема „лесно“ членство, нема делумно членство, има само полноправно членство или ништо. И можете да станете член, ако исполните сè, нагласи Еврокомесарката.

На прашањето како политичката криза во Србија влијае на процесот на пристапување, Кос рече дека Србија назадува во многу области, поради што нејзините плаќања од Планот за раст се запрени.

-Србија денес е многу поларизирана. Таа е кандидат за членство во Европската Унија повеќе од десет години. За жал, видовме, гледаме дека назадува, особено кога станува збор за вредностите за кои зборував претходно – владеењето на правото, демократијата, слободата на говорот и, особено, слободата на медиумите. Србија има иднина во Европската Унија, но курсот мора да се смени или посилно да се изрази во постапките на политичарите, изјави таа.

Кос додаде дека геополитичката ориентација е исто така проблем и дека Србија не може да седи на две столчиља.