Вучиќ: Избори ќе има кога и одговара на државата

Српскиот претседателот Александар Вучиќ денес изјави дека не ја исклучува можноста изборите да се одржат во јули, исто како што не ја исклучува можноста тие да се одржат до крајот на ноември.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/Александар Вучиќ

Српскиот претседателот Александар Вучиќ денес изјави дека не ја исклучува можноста изборите да се одржат во јули, исто како што не ја исклучува можноста тие да се одржат до крајот на ноември.

Тој рече дека изборите не се распишуваат во моментот кога некој оди на одмор или не, туку кога најмногу ѝ одговара на државата, и дека е важно тоа да биде демократска игра.

-Како што реков, тоа се два одделни термина, но тоа е тоа, сè е таму некаде, па изборите доаѓаат и нивниот ударен тандем Ѓокиќ-Бодирога има голема шанса да ги добие изборите. Дали ќе го сторат тоа, тоа зависи од граѓаните на Србија, изјави Вучиќ за ТВ Информер.

Тој ги повика сите партии што ќе учествуваат на изборите да си подадат рака.

-Ние не сме непријатели и затоа ги поканувам двајцата, сите, само да се смират и да разговараат, да си подадат рака, и можеме да се расправаме за идеи, програми и планови, ако воопшто имаат некакви програми и планови, изјави Вучиќ.

Според него изборите ќе бидат демократска игра и оној што ќе победи ќе владее во Србија.

Слични содржини